April 22, 2026

Денес не победи само една училница денес победија сите ученици во нашето училиште !!!

Со труд, креативност, одговорност и тимска работа учениците покажаа колку се грижат за својата училнишна средина . Секоја училница беше уредена со љубов и посветеност ,што […]
April 22, 2026

Во рамките на EU Code Week, учениците од прво одделение реализираа креативен и интердисциплинарен проект на тема „Моделирање на цвеќе“.

Со помош на алатката Canva, изработивме презентација на тема „Основни услови за растење на растенијата“, поврзувајќи ја содржината со предметот Природни науки. На час по ликовно […]
April 22, 2026

Денеска во ООУ “Браќа Миладиновци” се одржа првата работилница во рамки на проектот “Бајките како поттик за детската фантазија“ на Јавната општинска установа Библиотека “Тане Георгиевски“ – Куманово. Овој проект се спроведува со финансиска поддршка на Општина Куманово, преку Јавен повик за прибирање на предлог проекти за организирање на културни манифестации во Општината, предвидена во Програмата на културни манифестации за 2026 година.

Проектот ќе се реализира со 28 третоодделенци во ООУ ”Браќа Миладиновци“, под менторство на учителката Маја Поп Арсова. На денешната прва работилница присуствуваше претседателката на Совет […]
April 22, 2026

Денес нашите ученици од VII1 одделение заедно со учениците од партнер училиштето ,,Бајрам Шабани” реализираа заедничка активност од добиениот грант од МОН за меѓуетничка интеграција во образованието. Учениците водени од своите наставници по информатика истражуваа и изготвија двојазична презентација на тема- Сајбер насилство и заштита од истото.