Мисија на училиштето: “Создавање на позитивна, стимулативна клима во училиштето, преку соработка со други етникуми. Уредување на училишен простор со истакнување на мултикултуралните вредности и заеднички активности на ученици, наставници и родители од различна етничка припадност и различен наставен јазик.”

Визија на училиштето: “ Училиште кое обезбедува еднакви можности за стекнување на применливи знаења и вредности, за ученици од различни етникуми, оспособени за вклучување во мултиетничко општество.”

Цели на училиштето

Целите на училиштето се преку подобрување на инфраструктурата, опремување со современи нагледни средства, професионално усовршување на наставниот кадар, подигање на нивото на соработка со родителите и локалната средина да им се овозможи на учениците:

  • индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасните карактеристики;
  • усвојување знаења и умеења за природата, општеството и човекот;
  • оспособување за примена на знаењата и умеењата во животот и натамошното образование;
  • развивање чувство на одговорност за вистината и значењето на трудот на човекот, смисла за убавото, културните традиции и свест за припадност на Република Македонија;
  • почитување и исполнување на граѓанските права и обврски.