Julijana Velickovska Petkovski

May 26, 2026

Во рамките на акцијата,,Генералка викенд ” во нашето училиште се реализираше Еко час на тема ,,Кружно движење на водата во природата и климатски промени”. Преку интересни активности учениците се запознаа со водниот циклус,значење на водата за природата и влијание на климатските промени врз животната средина. Со заедничка работа ја развиваме еколошката свест и грижата за нашата планета.

May 26, 2026

Нашето училиште ги реализира активностите од Еразмус+ КА1 проектот на тема „Diversity, Inclusion and Green Future – Growing Together“ . Истиот има за цел да поттикне прифаќање на различностите, еднакви можности и развој на еколошка свест кај учениците и наставниците. Мобилноста се реализира во училиштето Платон во Катерини, Грција, каде учесниците преку интерактивни работилници, групни дискусии и заеднички активности учат за културна разноликост, социјална инклузија и одржлив развој.

Проектот придонесува за развој на меѓукултурни компетенции, толеранција и одговорен однос кон природата, градејќи заедничка зелена и инклузивна иднина.
May 26, 2026

Стиховите на Николија ги стоплија срцата наши

своено прво место на манифестација ,,Стиховите наши ги топлат срцата ваши” организиран од страна на ЗОН учител
May 26, 2026

Создадовме сцена од хартија и своја омилена приказна по предметот- Природни науки со тема :,,Појава на сенки” со ученици II-3 одделение во нашето училиште.