Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта:
I. Начин на пријавување
Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:
II. Потребни документи
O Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата
O Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели
O Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија
O Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда
O Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија
O Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот
• Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.
• III. Рок за пријавување
• Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година. Во прилог подолу се прикачени сите формулари.