ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ постои од 1953 година. Тоа е едно од најстарите училишта во општината. Лоцирано е во центарот на градот и опфаќа ученици од централното подрачје, реонот на Соколана и селата Пчиња и Студена Бара кои се во состав на училиштето. Работи во пет училишни згради и функционира како Централно училиште со две подрачни и едно училиште за деца со Посебни образовни потреби и тоа:

  • Централната училишна зграда се наоѓа на улицата „Народна Револуција“ бр.43 каде се сместени 20 (дваесет) паралелки од предметна настава, 4 (четири) паралелки од I одделение, 4 (четири) паралелки од II одделение и 1 (една) паралелка од III одделение;
  • Во втората зграда која се наоѓа на ул. „ТонкоДимков“ бб се изведува настава за учениците од I-V, односно за децата кои припаѓаат на тој реон. Наставата ја посетуваат 9 (девет) паралелки;
  • Во третата зграда која се наоѓа на ул. „ТанеГеоргиевски“ бб. наставата се из­ведува за учениците од Посебните паралелки со 9 (девет) паралелки од I до VIII одделение 7 (седум) паралелки од редовно трето и четврто одделение, вкупно 16 паралелки;
  • Како четврта зграда е подрачното училиште во с.Пчиња. Опфаќа ученици од селата што гравитираат кон тој реон  од I до IX одд. со вкупно 9 (девет) паралелки, и
  • Во петтата зграда која е лоцирана во с. Студена Бара работат 2 (две) комбинирани паралелки од I до V одделение.

Училиштето располага со современа канцеларија за наставници, медијатека, современ кабинет по информатика, како и спортска сала со површина од 1.025 m2. Наставата се изведува во 1 смена која најизменично се менува на секои две недели. Нашето училиште секоја година учествува во различни проекти, како и семинари за наставници.

Учениците учествуваат на разни натпревари при што имаат освоено голем број на награди од општинско, регионално, државно и меѓународно ниво.

ОOУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово збратимено е со следниве училишта: