Еко акција

Извештај за проведени активности по повод светски денови на екологија од 6 до 12.11.2017 година

ООУ „Браќа Миладиновци“ светските денови на екологијата од 6.11.2017 до 12.11.2017 година ги обележа преку следниве активности:

  1. На 6.11.2017 (понеделник) се расчистуваше училишниот двор од испаднати лисја и отпадоци,кординирани ученици и технички персонал од страна на социолог – Гордана Зец.
  2. 7.11.2017 (вторник) е спроведена акција со ученици од  VI до  IX одделение собирање на стара хартија, кординирани од страна на наставник од еко тим – Александар Келешов
  3. 8.11.2017 (среда) презентација на Меѓунареден ден на урбана средина – наставник член на Еко тим – Гоце Крстевски.
  4. 9.11.2017 (четвртак) изработка на хамери со Еко содржини – социолог Гордана Зец со ученици членови на Еко тим.
  5. 10.11.2017 (петок), изработка на цртежи со семиња (пченка, пченица, грав) член на Еко тим-предметен наставник по биологија – Гордана Јовановска
  6. 11.11.2017 (сабота) собирање на пластични шишиња и капачиња и изработка на колож со разни фигури и бои – ментор одделенски наставник Валентина Јанева.
  7. 12.11.2017  (недела) собирање на стари батерии, со ученици од I до IX одделение – одговорни наставници од Еко тим