Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, Ученичкиот парламент реализираше работилница на тема „Комуникација – слушај, разбери, почитувај“, во соработка со локалниот ментор на училиштето Aleksandra Pavlovska ![]()
Преку интерактивни активности, разговори и интересни вежби, учениците имаа можност да ги развиваат своите комуникациски вештини, да научат колку е важно активно да слушаат, јасно да ги изразуваат своите мисли и чувства и да ги почитуваат туѓите мислења.
Посебен акцент беше ставен на меѓусебното разбирање, толеранцијата, прифаќањето на различностите и ненасилното решавање на конфликтите.
Целта на работилницата беше да се подигне свеста за важноста на позитивната комуникација како основа за создавање безбедна, пријатна и поттикнувачка училишна средина.
Проектот се реализира во соработка со
Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi
#КоалицијанамладинскиорганизацииСЕГА
SmartUp – Social Innovation Lab
#Промоцијанабезбеднаучилишнасредина

















