Својства на материјалите

Браќа Миладиновци, Улица Народна Револуција 43, 1300, Куманово, Североисточен

Природни науки /CodeWeek – Својства на материјалите

ООУ ,, Браќа Миладиновци ” Куманово

Република Северна Македонија

I одделение

Одделенски наставник Габријела Младеновиќ

Во рамките на EU Code Week реализиравме интересен и истражувачки проект на тема „Својства на материјали“.

Учениците активно истражуваа различни материјали во училницата – дрво, пластика, метал, хартија, ткаенина… Ги набљудуваа нивните својства (тврдo/меко, мазно/рапаво, тешко/лесно, проѕирно/непроѕирно) и дискутираа каде и зошто се користат во секојдневниот живот.

📽️ Изработив презентација во NotebookLM, со која учениците преку визуелен и интерактивен пристап полесно ги разбираа поимите.
📝 Потоа следуваше активност во наставен лист, каде што учениците ги применуваа стекнатите знаења – поврзуваа материјали со нивните својства и решаваа истражувачки задачи.

Преку овој проект учениците развиваа:
✔️ критичко размислување
✔️ истражувачки вештини
✔️ дигитални компетенции
✔️ тимска работа

Учењето преку истражување и дигитални алатки е забавно и мотивирачко! 💻✨

#EUCodeWeek #cw258l6vx