Нашата ученичка Дарија Младеновска од 8-1 одд. беше избрана од страна на италијанскиот филмски фестивал „Giffoni Macedonia“ да ја претставува Македонија на фестивалот „Filem’On“ во Брисел, Белгија. За време на 7-дневниот престој на 20-тото јубилејно издание, таа стана дел од престижното меѓународно филмско жири составено од млади од десетина земји. Таа ја доби оваа неверојатна можност да го сподели своето филмско знаење, да соработува со врсници од целиот свет и гордо да го претстави нашето училиште на европската сцена. Нејзината љубов кон филмската уметност и италијанскиот јазик се вистинска инспирација за сите нас.