Како дел од проектот безбедна училишна средина во нашето училиште заедно со учениците и тимот за безбедност изработена е уште една работилница. Дел од учениците од осмо одделение направиа флаери кои беа поделени на нашите ученици во училиштето со цел да се запознаат поубаво со нивните права и нивниот доприност во училиштето.
Изготвен е и постер кој е прикачен во училишната зграда, како и изработена е презентација која е споделена со секоја паралелка за подобро запознавање на дадената тема. Голема благодарност за поддршката и помошта од нашиот ментор Aleksandra Atanasovska Blazevska.
Проектот е во организација и со поддршка од Коалиција на младински организации СЕГА (Coalition of youth organizations SEGA), во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓански образование(МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC), Првата Детска Амбасада во светот “МЕЃАШИ” (Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi) и СМАРТ АП -Лабораторија за социјални иновации (SmartUp – Social Innovation Lab).