ООУ ,,Браќа Миладиновци “ Куманово
Проф.по одделенска настава: Габријела Младеновиќ
Одделение: I ( прво )
Во рамки на проектот #EUCodeWeek и месец февруари – месец посветен на подигнување на свеста за ретките болести, заедно со моите првачиња реализиравме креативна и емотивна активност.
Со помош на алатката NotebookLM изработивме едукативна приказна посветена на прифаќањето, разбирањето и поддршката .
Секој дел од изработената сложувалка симболизира дека сите сме дел од едно цело-општество исполнето со хуманост и грижа.
Поддршка
Разбирање
Пријателство
Отвореност
Љубов
Емпатија
Помош
Во корелација со предметот ликовно образование , учениците боеја цртежи со различни бои ,симболизирајќи ја разновидноста и убавината на светот околу нас .
Учениците со многу љубов изработија заеднички хамер со отпечатоци од нивните шарени рачиња – симбол на единство, поддршка и заедништво.
Горда сум на моите ученици што уште од најмала возраст учат да бидат хумани, чувствителни и подготвени да подадат рака. ![]()





0:07 / 5:40