Македонски јазик -интегриран час EU Code Week проект – Пролетта ни дојде

Македонски јазик -интегриран час EU Code Week проект – Пролетта ни дојде

Училиште : ООУ .. Браќа Миладиновци “

Професор по одделенска настава : Габријела Младеновиќ Одделение : I ( прво )

#cw258l6vx

Со голема радост го реализиравме проектот во рамки на EU Code Week на тема „Пролетта ни дојде“ на час по македонски јазик.

🌸Со помош на алатката NotebookLM, заедно со учениците создадовме прекрасна и креативна приказна инспирирана од доаѓањето на пролетта. Преку оваа активност, учениците ја развиваа својата имагинација, јазичните вештини и дигиталната писменост.Часот беше во корелација со предметот ликовно образование, каде учениците изработија шарени цветови и бубамари, со кои го украсија паното во училницата, а потоа создадоа и прекрасни пролетни цртежи.

🎨Во корелација и со музичко образование, доаѓањето на пролетта го одбележавме со весела музичка кореографија на песната „Пролетта ни дојде“.

🎶Преку игра, креативност и технологија, уште еднаш покажавме дека учењето може да биде интересно, динамично и исполнето со радост!