Денес, на 21 март-Денот на пролетта

во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција, заедно со моите ученици од прво одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“, со радост го одбележавме доаѓањето на најубавото годишно време.

Ученици од 1- 5 то одделение заедно со наставничките , изработија прекрасни честитки за граѓаните, со што им упатија топли желби за здравје, радост и нови почетоци. 🌼

Настанот беше збогатен и со весела кореографија на пролетна песна, преку која децата ја изразија својата креативност, енергија и љубов кон пролетта.

Со вакви активности, заеднички ја негуваме свеста за заедништво, позитивни вредности и грижа за заедницата.

Среќен Ден на пролетта!