Проектот ќе се реализира со 28 третоодделенци во ООУ ”Браќа Миладиновци“, под менторство на учителката Маја Поп Арсова.
На денешната прва работилница присуствуваше претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска, на која учениците се запознаа со бајки и приказни, преку читање на истите.
Следните работилници предвидуваат гледање бајки на екран и изработка на кукли од омилените ликови од сказните, изработени од различни материјали: хартија, текстил, волна.
Целта на проектот е поттикнување љубов кон книгите, македонските и светските приказни, развивање на имагинација и креативно раскажување, збогатување на речникот и изразување кај учениците.


