Два различни града, две различни средини, но исти предизвици и силна заедничка желба за создавање безбедна и партиципативна училишна средина.
Особено инспиративна беше вклученоста на родителите, мотивирани да ги унапредат своите знаења за родителството, но и да бидат позитивен пример за своите деца преку активна соработка со училиштето. Токму таа соработка помеѓу родителите, наставниците и стручните служби е клучна за навремено препознавање и превенција на насилството.
Кога возрасните соработуваат, тие испраќаат силна порака до учениците дека заеднички можеме да се спротивставиме на насилството, да зборуваме отворено и да градиме средина заснована на поддршка, разбирање, почит и емпатија.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина” го спроведува Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia, SmartUp – Social Innovation Lab и МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, а со поддршка на Детската фондација Kinderdorf Pestalozzi.
#ПријавиНасилство#Храброст#ЗаедноСмеПосилни









