„Детски семафор 2026 – Безбедно на велосипед“ 🚲

„Детски семафор 2026 – Безбедно на велосипед“ 🚲

Нашите ученици, водени од своите ментори Катерина Стојчевска и Милош Михајловски, имаа можност да бидат дел од прекрасниот настан „Детски семафор 2026 – Безбедно на велосипед“, кој се одржа на 26.09.2026 година (сабота).

Настанот беше организиран од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција при Општина Куманово, со цел преку едукативни и практични активности кај најмладите да се поттикнат безбедното и одговорното учество во сообраќајот.

Нашите ученици со голем интерес, ентузијазам и позитивна енергија се вклучија во активностите, при што стекнаа нови знаења и искуства за правилното и безбедно движење со велосипед.

🚲 Безбедноста во сообраќајот започнува со знаење, внимание и одговорност!

Голема благодарност до организаторите за прекрасниот настан и за можноста нашите ученици да бидат дел од оваа значајна и корисна активност.