По повод 7- ми Април – Светски ден на здравјето, во нашето училиште се одржа едукативно предавање на тема: ,, Кратко задоволство, долгорочни последици: психоактивни супстанци и нивни несакани дејства” , реализирано од страна на доктор Маријана Петрушевиќ вработена во ЈЗУ Општа болница Куманово / ISHP Spitali i përgjithshëm Kumanovë
Учениците од 8-мо и 9-то одделение имаа можност да се запознаат со штетните последици од употребата на психоактивни супстанци, како и со значењето на здравите животни навики и донесувањето одговорни одлуки.
Светскиот ден на здравјето е ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот, кој секоја година се одбележува под покровителство на Светската здравствена организација.
Голема благодарност до здравствените работници за нивната посветеност, стручно излагање и придонес во едукацијата на младите.
#СветскиДенНаЗдравјето #Здравје #Едукација #Превенција








