Македонски јазик / Математика / Code Week – интегриран час – Чекор по чекор – колачи „ Моето омилено колаче “
OOУ,, Браќа Миладиновци ‘’ Куманово Република Северна Македонија
III одделение
Професор по одделенска настава : м-р Маја Поп Арсова
cw25-8l6vx
Во рамки на проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се реализира со поддршка на иницијативата EU Code Week 2025, со учениците од III одделение реализиравме креативна и интердисциплинарна наставна активност. Учениците работеа со дигиталната алатка Canva, каде цртаа и дизајнираа омилени јадења, решаваа интерактивен квиз поврзан со темата. Активноста продолжи со практична работа во готвење, при што учениците активно помагаа во подготовката омилени слатки (палачинки, крофни, вафли, чоколаден мус, медени колачиња) , читајќи и следејќи чекорите од рецептот . Во тој контекст, беа интегрирани содржини од математика, каде учениците користеа вага за мерење на маса (брашно, шеќер) и мензура / мерна чаша за мерење течности (млеко, вода), применувајќи мерни единици во реална, секојдневна ситуација. Преку активности од македонски јазик, учениците читаа рецепти, именуваа состојки и усно опишуваа чекори за подготовка, со што се поттикна јазичната писменост, разбирањето на текст и правилното изразување. Активноста овозможи успешно поврзување на дигиталните вештини, практичната работа и наставните содржини, поттикнувајќи активно учење, соработка и креативност кај учениците.
#EUCodeWeek #cw25-8I6vx




