„ Магијата е во знаењето – Патување низ магичниот свет на знаењето “
OOУ,, Браќа Миладиновци ‘’ Куманово Република Северна Македонија
III одделение
Професор по одделенска настава : м-р Маја Поп Арсова
cw25-8l6vx
На наше големо задоволство, ученици од трето одделение од ООУ „ Браќа Миладиновци “ го посетија ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово. Посетата беше со цел едукација и запознавање со струките/професии со кои располага ДСУ-РЦСОО “Киро Бурназ”. Малите ученици беа воодушевени од хемиските експерименти во хемиската лабараторија „ Магијата е во знаењето – Патување низ магичниот свет на знаењето “ Во рамки на посетата поминаа во училишните простории, кабинети лаборатории, работилници каде учениците ја спроведуваат практичната настава. Благодарност до професорките кои ни приредија изненадување и многу интересни хемиски експерименти кои побудија голем интерес кај учениците .Следеа презетнации и користеа дигитална алатка „ Kahoot “ за решавање на квиз. „Учете го вашето дете на наука, не со сила туку со игра.“ – Платон



