Македонски јазик / Code Week – интегриран час текст : „ Снегот радост носи “
OOУ,, Браќа Миладиновци ‘’ Куманово Република Северна Македонија
III одделение
Професор по одделенска настава : м-р Маја Поп Арсова
cw25-8l6vx
Во подготвителниот часот разговаравме со учениците за тоа што значи кодот, кодирањето, како може да се користи. Учење со користење дигитални алатки креирана видео и аудио лекција вo Notebooklm , следење на презентација Notebooklm , може да ги поттикне децата да ја развијат својата креативност, да научат да бидат истрајни , трпеливи, да посветуваат внимание на детали и да оформат критичко мислење. Потоа во Pixelart цртаа и илустрираа слика од текстот „ Снегот радост носи“ . Pixel art е форма на дигитална уметност каде сликите се создаваат пиксел по пиксел – како мозаик направен од мали квадрати во боја. Им поделив листови, им дадов напатствија за кодирање и тие внимателно следејќи го кодот, успеаја да дешифрираат и обојат прекрасени зимски мотиви. Активноста ги поттикна логички да размислуваат, вниманието беше на високо ниво и креативноста на учениците дојде до израз. Инспиративна и поттикнувачка атмосфера, каде секој ученик ќе се почувствува како вистински уметник.




