Во рамки на проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се реализира со поддршка на иницијативата EU Code Week 2025, на 2. II 2026 година се одржа координативен состанок со наставниците од ООУ „Браќа Миладиновци“.
Наставниците презентираа креативни и иновативни алатки базирани на вештачка интелигенција, споделувајќи практични примери за нивна примена во наставата. Средбата беше простор за инспирација, размена на идеи и заедничко градење визии за современо, дигитално и одговорно образование. Дигиталните алатки ја поттикнуваат креативноста, интерактивноста и дигиталната писменост .
Eu Code week 2025






