Драги родители на идни првачиња,

Ве известуваме дека упис за првачиња за учебната 2024/2025 година започнува на 09.05.2024 во просториите на ООУ ,,Браќа Миладиновци” секој работен ден со почеток од 08 – 18 часот. Право на упис имаат деца родени 2018 односно деца родени заклучно 31 јануари 2019. Документи кои се потребни при упис на првачиња се :

– копија од извод од матична книга на родени

– потврда за имунизација

– потврда од стоматолошки преглед

– потврда од офталмолошки преглед

– лична карта од родител при упис задолжително е присуството на детето. Ве очекуваме првачиња!