Да ГИ пОЧитУВаМе РаЗЛиКитЕ

ООУ,, Браќа Миладиновци” – Куманово ја информира пошироката јавност дека од учебната 2023/24 год. , продолжуваат со работа посебните паралелки од II до IX одд. и отпочна со работа ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДДРШКА ВО УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ. Сите дечиња кои имаат препорака од Стрично тело за функционална попреченост по МКФ и кои се вклучени во училиштата ќе добијат соодветен индивидуален третман (дефектолошки, логопедски, сензорна интеграција и асистивна технологија) според препораките. Центарот за поддршка во учењето на учениците со попреченост ќе дава стручна поддршка на наставниците за работа со ученици со одредена попреченост од основни училишта на подрачје на Општина Куманово и поддршка на семејствата (советување). Преку оваа видео и флаер сакаме накратко да Ви ја претставиме дел од работата , опременоста и услугите што се спроведуваат во посебните паралелки и Центарот за поддршка во учењето на учениците со попреченост.

Стручниот тим од посебните паралелки и Центарот за поддршка во учењето на учениците со попреченост Ви стои на располагање . . ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ !