Безбедни училишта

Извештај за работата на тимот за безбедност
ООУ “Браќа Миладиновци” КУМАНОВО

Нашето училиште од учебната 2012/13 година активно се вклучи во Проектот “Безбедни училишта” преку Локален совет за превенција Општина Куманово и СВР Куманово – отсек за превенција. Насоките за Безбедни училишта инкорпорира во Годишната програма за работа на училиштето.

Овој проект придонесува за развивањето на одговорноста на самите ученици и нивно меѓусебно организирање и анализирање на нивото на безбедноста во училиштето,преку согледување на заканите по безбедноста во училницата и училиштето преку месечен формулар од секоја паралелка. Најпрвин формиран е тимот на безбедност на ниво на училиште, одделенски тимови од шесто до деветто одделение и работна група од наставници, ученици и родители.

Ажурирани се правилата-кодексот на однесување на сите структури во училиштето за градење на безбедно училиште. Со проектот “Безбедни училишта” – преку кој се овозможуваат меѓуопштински средби на тимовите за безбедност со цел запознавање и прифаќање на различнини култури и обичаи од различни етникуми. Во текот на учебната година се вршат презентации и работилници со актуелни теми од денешницата: конфликти, штетност од дрога, алкохол.