Под мотото,,Чист оџак,мал ризик од пожар,потопол дом,чист воздух во Куманово”учениците имаа можност одблиску да се запознаат со важноста на редовното одржување и чистење на оџаците,како и со мерките за заштита од пожари и зачувување на животната средина.
Оваа активност беше одлична можност за подигање на свеста кај младите за безбедноста во домот,пожарна превенција и грижа за почист воздух во нашиот град.




