„Денот на планетата Земја“

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја – 22 aприл. По повод Денот на планетата Земја, учениците од IV-5 одделение изведоа кратка прошетка и истражување во природа, како и неколку активности на час по предметот англиски јазик со цел да се подигне нивото на свесност кај учениците за зачувување на животната средина, односно да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.