Браќата Миладиновци се основоположници на македонската преродба, поборници за културната слобода на својот народ, за својот мајчин јазик.
Тие се родени во Струга, во сиромашно грнчарско семејство. Димитар Миладинов е роден 1810 година. Бил принуден да се школува во грчката манастирска школа, а потоа образованието го продолжува во охридското училиште. Од 1830 година речиси 30 години Димитар учителствува во многу македонски градови – Струга, Прилеп, Охрид, Кукуш и др. Дење ги учел редовните ученици, а навечер возрасните, трудејќи се што повеќе да му помогне на својот народ преку писменоста и просветувањето да се осознае и ослободи. Димитар се преобразува во поборник за словенската преродба, во борец против грчкото влијание во Македонија. Неговата преродбеничка дејност не се состои само во тоа што го исфрлил грчкиот јазик од училиштата и на негово место го вовел македонскиот, туку и во напорната собирачка дејност која ја крунисал со издавањето на „Зборникот на народни умотворби“ објавен во Загреб 1861 година.
Константин Миладинов е роден 1830 година. Имал среќа основното образование да го заврши кај брат му Димитар, по кое што ја завршил гимназијата во Јанина. По студиите во Атина, тој заминува во Москва за да студира словенска филологија. Таму, далеку од своите најблиски, потиштен и несреќен ја напишал најсилната и најубавата песна „Т’га за југ“ во која мечтае по својот роден крај. Константин станува основоположник на македонскта уметничка поезија. Неговите песни, иако нивниот број не е голем, претставуваат висок уметнички дострел.
Дејноста на браќаат Миладиновци не била во интерес на поробувачите, па затоа се најдоа во Цариградските зандани. Измачени и истоштени браќата ја споделуваат истата судбина. Умираат 1862 година.
Делото на браќата Миладиновци ќе остане засекогаш вткаено во срцата на секој македонец. Нивото значење е огромно не само за македонската литература туку и за нашата историја.
Горди сме што се наши патрони и што го носиме нивното име.