Врз основа на Ваше барање за обучување на наставниот кадар за одржување на редот и дисциплината на онлајн часовите при одржувањето на наставата од далечина, преку MS Teams, како и за задавање на задачи и тестови преку оваа алатка, Ве известуваме дека во текот на изминатата недела беше подготвена и спроведена обука на националните обучувачи.
Заради дисеминација на знаењата на наставниците во училиштата, во текот на оваа недела е планирана обука на училишните обучувачи, кои понатаму, согласно динамика утврдена од самите училишта, ќе треба да ја спроведат за преостанатиот наставен кадар од редовите на нивните училишта.
Обуката е потребно да се одржи на унифициран начин, следејќи ја деталната презентација подготвена за оваа цел на македонски и на албански јазик.
Воедно, подготвени се и ПРЕПОРАКИ за однесување на наставниците и учениците за време на наставата на далечина (во прилог), со кои треба да бидат запознаени сите наставници и ученици, како и да бидат истакнати на веб страниците на училиштата.
Со оглед дека техничките опции на MS Teams овозможуваат најсоодветна заштита на онлајн часовите од непримерни однесувања (гасење на микрофони на наставниците или нивно исфрлање од часот) кога секој од наставниците ги одржуваат предавањата преку сопствените предметни тимови, со ова се става вон сила Инструкцијата од 01.10.2020 год. за спроведување на предметната настава преку одделенските/класните тимови.
Се задолжува секој директор на училиште, оваа информација веднаш да ја проследи до сите наставници, со цел нивно детално запознавање и ЗАДОЛЖИТЕЛНО постапување.
Се задолжуваат училишните обучувачи, во текот на оваа недела, да учествуваат на обуката спроведувана од страна на националните обучувачи. Воедно, во координација со директорите на училиштата, да ја организираат и спроведат обуката на останатите наставници во нивното училиште.