Промоција на безбедна училишна средина

Промоција на безбедна училишна средина

Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште е дел од проектот #bezbednaucilisnasredina Проектот се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓански образование ,Првата Детска Амбасада во светот “МЕЃАШИ” и СМАРТ АП -Лабораторија за социјални иновации.Денеска во нашето училиште со учениците од ученичкиот парламентот беше успешно изведена првата работилница(денеска учениците ги зајакнаа своите комуникациски вештини преку првата работилница организирана под менторство на нашиот локален ментор Aлександра Павловска ).На лицата на учениците можеше да се види задоволство и со нетрпение ги очекуваат наредните работилници.Активно се вклучија во сите дискусии .И веднаш отпочнаа со извршување на своите задолженија