Безбедна училишна средина

Почитувани ученици, родители и колеги, нашето училиште и оваа година продолжува со активностите од проектот “Безбедна училишна средина”проект се спроведува со следниве организации.@Коалиција на младинска организација СЕГА, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi ,@Smart up,@Macedonian civic education centre и детско село Pestalozzi од Швајцарија.Денеска во просториите на нашето училиште се одржа првата работилница со учениците членови на ученичкиот парламент.Работилницата беше водена од нашиот локален ментор@ Aleksandra Pavlovska Работилницата беше на тема “Комуникација”,преку игри ,задачи и задолженија учениците сватија,колку е битна комуникацијата помеѓу луѓето и зошто секогаш треба да бидеме трпеливи и да се слушаме меѓу себе.Така полесно и побрзо би дошле до заеднички решенија на проблемот.Благодарност до сите ученици од ученичкиот парламент,продолжуваме понатаму.Благодарност до нашиот локален ментор прекрасна личност,која со голема љубов и трпение ја изведува секоја вежба и работилница и успева се повеќе да ги заинтересира учениците.Благодарност до директорката на нашето училиште и до сите колеги за разбирање и соработка.