Поддршка за младински иницијативи во Куманово

Поддршка за младински иницијативи во Куманово

Во рамки на проектот Промовирање на младински Активизам во Мултиетнички општества, кој има за цел да ги развие капацитетите на 20 млади лица за стекнување практични знаења за демократија и младинско учество, на дан 16.05.2025 се реализираше важна активност во партнерство со Центарот за Интеркултурен Дијалог и ООУ „Браќа Миладиновци“.

Преку оваа соработка, беа обезбедени материјали за имплементирање на иницијативите креирани од младите учесници во проектот. Овие иницијативи се насочени кон поттикнување на социјална кохезија, интеркултурен дијалог, унапредување на човековите права и градење доверба во заедницата.

Проектот сега влегува во својата завршна фаза, а повеќе детали за финалните активности ќе следуваат наскоро. Следете нè!