Кодекс на однесување

(УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ОOУ ,,Браќа Миладиновци-Куманово“

Однесувај се кон другите како што
сакаш тие да се однесуваат
кон тебе

Кодекс на однесување на учениците

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ

I.
Основни норми и начела
• Воспитанието и образованието се приоритет на секоју ченик;

II.

Ликот на ученикот
Ученикот треба:
• Да се стреми кон постигнување на подобри резултати вон наставата;
• Да се ангажира во воннаставните активности согласно своите можности и интереси;
• Да биде објективен,коректен и одговорен во однесувањето;
• Да ги почитува законските одредби во училиштето;
• Не користи алкохол, цигари и дрога во училиштето;

III.
Ученикот и учењето
Ученикот треба:
• Да пројавува интерес за учење;
• Да развива способност и навика за учење;
• Да стекнува вештини за лично надоградување и организирање на слободното време;

IV.
Ученикот и наставниотчас
Ученикот треба:
• навреме и редовно да доаѓа на настава;
• задолжително да присуствува на часовите;
• за секое отсуство да приложи писмено или усно оправдување од родителот илистарател;
• да придонесува за создавање на позитивна атмосфера на часот;
• активно да се ангажира на часот;
• за време на часот мобилните телефони се исклучени;

V.
Ученикот и безбедноста
Ученикот не смее:
• да носи на училиште ладно или огнено оружје и експлозивни направи;
• да се доведе во ситуација да го загрози личниот живот и животот на другите во училиштето;
• за безбедноста на личните предмети јасно си одговорноста;

ПРАВИЛА НА КОЛЕКТИВЕН ЖИВОТ КОДЕКС НА УЧЕНИЦИТЕ

I
Меѓусебните односи на учениците
• Меѓусебно почитување.
• Решавање на конфликти со разговор.
• Меѓусебна соработка.

II
Ученикот и училиштето
-Да доаѓа навремено и редовно на настава
-Да доаѓа уреднo и пристојно облечен
-Да придонесува за создавање на позитивна атмосфера на часот
-Да го чува училишниот инвентар, да не го оштетува.
-Да ги почитува правилата на училиштето.
-Да не ги оштетува ѕидните весници.
-Мобилните да бидат исклучени за време на часовите.

III
Ученикот и семејството
-Ученикот редовно да ги информира родителите за успесите и неуспесите.
-Да ги информира родителите кога ќе уништи дел од инвентарот.
-Редовно да ги известува за родителските средби.
-Доколку професорот или соучениците го малтретираат да ги информира родителите.

IV
Ученикот и училишните служби
-Ученикот треба да ги информита училишните служби за проблемите со кои се соочува.
Ученикот има право да побара помош од директорот, одделенските раководители,стручните соработници и одделенските и предметните наставници.
Доколку ученикот свесно не ги почитува овие начела и принципи, кон него ќе се превземаат соодветни педагошки мерки;

Педагошкимерки

1. Педагошките мерки се применуваат кону чениците кои ги прекршуваат правилата на училишниот живот
2. Педагошките мерки се применуваат во следните случаи:
◦ Нередовно посетување на училиштето
◦ Нарушување на правилата во однесувањето спрема другите ученици, наставници и возрасни
◦ Неправилен однос кон училишниот тим
◦ Попречување на воспитно-образовната работа во паралелката и училиштето

Педагошкимерки:
Ги изрекува:
Усна опомена
Одделенски раководител
Писмена опомена
Одделенски раководител
укор
Одделенски раководител, наставнички, совет на наставници и директор
Намалување на поведението
наставнички, совет на наставници и директор
Преместување во друга паралелка
наставнички, совет на наставници и директор
Преместување во друго училиште
Наставнички совет и директор
3. За учениците од 1 до 4 одделение се применуваат првата и втората педагошка мерка, а за ученицитеод 5 до 8 одделение ,сите педагошки мерки.
4. За изречена педагошка мерка на ученикот се известува родителот-старателот.
5. За изречените педагошки меркиод 3 до 6 дена се поднесува приговор до Училишниот одбор во рок од 7 дена од денот на известувањето.
6. Педагошкит мерки од 1 до 4 важат до крајот на учебната година во која се изречени, а кога ќе настанат позитивни промени кај ученикот изречената педагошка мерка намалување на поведението се повлекува.

КОДЕКС ЗА НАСТАВНИЦИ

-Да го почитуват времетраењето на часот
-Да оценуваат реално .
-Да е пример со своето облекување и однесување,
-Да ја почитува личноста на секој ученик
-Да ја почитува различноста на учениците, да не ги дискриминира
-Да создава пријатна работна атмосвера
-Да не влегуваат во конфликт со учениците.
-Да ги известуваат учениците за контролни задачи и тестови.
-Да ги евидентира отсутните ученици на почеток на часот.
-Да внимава на својот говор, тој треба да е литературен и јасен
-Да настојува ученикот навреме да ги извршува своите задачи.
-Да ги почитува сите вработени во училиштето.

КОДЕКС ЗА РОДИТЕЛИТЕ

-Редовно информирајте се за успехот и поведението на вашето дете
-Задолжително присустввајте на родителски средби.
-Навремено да ги оправдувдате отсуствата на часовите(во текот на неделата).
-За дополнителни разговори и консултации со наставниците почитувајте го времетраењето на часот.
-Почитувајте ги вработените во училиштето.

КОДЕКС НА ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

-Вработениот навреме да доаѓа на работа.
-Вработениот треба совесно и самостојно да ја извршува својата работа.
-Вработениот треба да го почитува секој ученик и другите вработени.
-Вработениот треба да го почитува времетраењето на паузата и да не ја користи надвор од предвидениот временски рок.
-Вработениот со својот лик,однесување, говори култура треба да биде пример за учениците и за сите вработени.

ЗAВРШНИ ОДРЕДБИ

*Секој учесник во воспитно- образовниот процес се обврзува да го почитува и спроведува овој кодекс
*За непочитување и непридржување кон одредбите на овој кодекс одговорен епрекршителот лично.

Кодексот го изработиле:
Членови на тимот за Училишна клима и култура,
во соработка со членови на Училишен парламент