Ученици од осмо и деветто одделение од основото училиште Браќа Миладоновци изминатиов период беа на интекултурна размена во градот Бернавил, Франција. Се работи за проект кој започнал да се реазлира пред три години, благодарение на соработката со гимназијата Гоце Делчев.
Првин ние професорите бевме да видиме за какво училиште се работи дали одговара според стандардите на нашето училиште, втората година тие дојдоа кај нас се запознаа со државата, оваа година одлучивме бидејќи моја најголема желба беше да остварам соработка со некое француско училиште да поведам и некои од ученици кои сакаат. Направивме една добра прошетка го видовме училиштето, начинот на живеење на тие ученици, културата, како се однесуваат во училиште, дисциплина, видоа и самите ученици дека е нешто многу поразлично од кај нас во меѓувреме направивме и неколку екскурзии низ кои ја запознавме Франција низ она што учиме од нашите учебници, можеа на лице место да го видат – изјави Зорица Пирганоска, професор по француски јазик во ООУ„Браќа Миладиновци“.
Учениците истакнаа дека имале можност да стекнат нови знаења и искуства но и да се запознаат со културата и обичаите на оваа држава.
Преубаво беше во Франција запознавме многу нови пријатели со нив комунициравме на француски и англиски јазик, научивме многу повеќе француски отколку што знаевме, ги проширивме нашите знаења и искуства. Училиштето е различно од нашето и стекнавме некое знаење и видовме нови начини на изучување –посочи Евгенија Милевска, ученик во ООУ„ Браќа Миладиновци“.
Ми беше преубаво да престојувам во Франција и во семејството. Запознав многу другари. Таму имаат поголеми одмори, повеќе се ослободени од часови и е полесно-посочи Дамјан Јордановски, ученик во ООУ „Браќа Миладиновци“.
Надлежните истакнаа дека е планирана и возвратна посета, која треба да се случи во април оваа година.