На ден 27.12.2017год.(среда) се одржа Хуманитарен новогодишен базар пред ООУ “Браќа Миладиновци” под менторство на професорката по Иновации, Елена Кипријановска. На базарот освен учениците од ООУ” Браќа Миладиновци”, учество земаа и ученици од ООУ “Крсте Мисирков”, од ООУ “Магдалена Антова”, од ООУ “Толи Зордумис” и од ООУ ” Битолски Конгрес” . Успешно реализираниот базар беше посетен од Градоначалникот Максим Димитриевски, Советот и претставниците на Општината, како и од пошироката јавност. Средствата од базарот беа хуманитарно наменети и завршија во рацете на семејството на една ученичка, на која и беа и повеќе од потребни за нејзиното здравје.