Музичко образование / Code Week – интегриран час текст : Создаваме молодии – креативно кодирање со Assisted Melody (Google)
OOУ,, Браќа Миладиновци ‘’ Куманово Република Северна Македонија
Професор по одделенска настава : м-р Маја Поп Арсова
cw25-8l6vx
Интегриран час по музичко образование и дигитални вештини EU Code Week 2025 Создаваме мелодии со вештачка интелигенција. Во рамки на проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се реализира со поддршка на иницијативата EU Code Week 2025, во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово, со учениците од III одделение, реализиравме креативен и иновативен интегриран час по музичко образование и дигитални вештини, преку користење на експерименталната алатка Assisted Melody (Google). Учениците самостојно создаваа сопствени мелодии на виртуелен нотен лист, повторувајќи ги нотите и истражувајќи како вештачката интелигенција може да помогне во музичкото создавање. Тие имаа можност да изберат нивните мелодии да звучат во стил на класични композитори како Моцарт, Бах и Бетовен, како и да ги „изведат“ со звук на омилен инструмент – пијано, флејта, чембало или хармоника. Преку оваа активност, учениците ја доживеаја музиката како средство за изразување, радост и позитивни емоции, а воедно се запознаа и со можностите на современите дигитални алатки и вештачката интелигенција во образованието.




#EUCodeWeek #cw25-8I6vx