Денешната авантура на дел од учениците од нашето училиште беше посетата на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје. Освен прошетката во просториите на институтот,учениците следеа предавање за земјотреси и заштита,а најактивните во предавањето добија и награди. Учениците ја посетија и лабораторијата на иститутот каде следеа тестирање на објект при силен земјотрес.
Благодарност до домаќините за споделените знаења и гостопримството.