На ден 03.12 успешно се реализираа две хуманитарни активности во рамките на проектот „Општествена хуманитарна работа“:
Активност 1
– Изработка на новогодишни честитки и
Активност 2
– Подготовка на новогодишни пакетчиња.
Учениците покажаа високо ниво на креативност, хуманост и заемна поддршка, создавајќи прекрасни честитки и внимателно подготвени пакетчиња за најмладите.
Голема благодарност упатуваме до невладините организации ,, Poraka Nasa Kumanovo “ и
„ Let’s Spread Love “ за нивната несебична поддршка и соработка.
Исто така, искрена благодарност до сите ученици кои активно учествуваа во работилниците, покажувајќи дека хуманоста е најубавата лекција што може да се научи.
Посебно признание упатуваме до нашата советничка Keti Dimkovska за континуираната соработка и поддршка, како и до директорката на нашето училиште Jasmina Spasovska , која секогаш стои зад ваквите активности и го поддржува нивниот развој.
Благодарност и до наставниците кои се вклучија и дадоа значителен придонес во реализацијата на проектот:
JuliJana Veličkovska Petkovski, Natasa Gjorgjevikj , Valentina Mitevska, Vesna Lazarovska-Kolevska и Tino Shabotic.
Заедно успеавме да создадеме ден исполнет со радост, хуманост и празничен дух.
Продолжуваме со активности што го поттикнуваат доброто и ја градат емпатијата кај нашите ученици.














