Модна ревија од рециклирани материјали 

Модна ревија од рециклирани материјали 

Со многу насмевки, креативност и позитивна енергија ја заокруживме нашата последна активност од проектот „Општествена и хуманитарна работа“ 💚

Убав ден, прекрасна атмосфера и разиграни, насмеани детски лица – токму така изгледаше нашата модна ревија! 🌸♻️

Голема благодарност до сите ученици кои со љубов, труд и фантазија учествуваа во овој проект и покажаа дека од „старо“ може да се создаде вистинска уметност 👗✨

Искрена благодарност до сите наставници за нивната посветеност и поддршка во текот на целиот процес.
Посебна благодарност до нашата директорка за беспрекорната поддршка и доверба 🌟
И до нашата советничка – за прекрасните идеи, инспирација и вредни совети 💡

Горди сме на сè што заедно создадовме! 💫