Еко акција,по повод Заштита на Средина и Природа – Светски ден на глобално чистење.
На ден 15.09.2021год(среда), нашето училиште организираше- Еко акција,по повод Заштита на Средина и Природа – Светски ден на глобално чистење.
Во Еко Акција учестуваа членови на Еко- тим од осмо и деветто одделение.Учениците започнаа со средување на учебници во училишната медиатека,а потоа излегоа во училишниот двор каде собираа отпадоци и истите ги складираа во три пластични кеси за пластика,хартија и останат отпаден материјал.
Еко одбор ва нашето училиште често организира Еко акции,од овој тип како и обележување на Еко денови од Еко календар кој го има изготвено Еко одбор се со цел да се развие Еколошката свеста кај учениците за заштита на животната средина и природата.