Училиште : ООУ .. Браќа Миладиновци “
Професор по одделенска настава : Габријела Младеновиќ Одделение : I ( прво )
Со голема радост го реализиравме проектот во рамки на EU Code Week на тема „Пролетта ни дојде“ на час по македонски јазик.
Со помош на алатката NotebookLM, заедно со учениците создадовме прекрасна и креативна приказна инспирирана од доаѓањето на пролетта. Преку оваа активност, учениците ја развиваа својата имагинација, јазичните вештини и дигиталната писменост.Часот беше во корелација со предметот ликовно образование, каде учениците изработија шарени цветови и бубамари, со кои го украсија паното во училницата, а потоа создадоа и прекрасни пролетни цртежи.
Во корелација и со музичко образование, доаѓањето на пролетта го одбележавме со весела музичка кореографија на песната „Пролетта ни дојде“.
Преку игра, креативност и технологија, уште еднаш покажавме дека учењето може да биде интересно, динамично и исполнето со радост!
