Од семе до цвет

Денес учениците од V 1 одделение заедно со учениците од партнер училиштето ,,Бајрам Шабани ” ја реализираа втората активност од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието -Животна средина и климатска акција ,,Од семе до цвет “.Учениците учествуваа во средување на еколошки катчиња во дворовите на училиштата.Преку дружење и заедничка работа засадивме садници и засеавме семиња од житни растенија.Учениците ќе го следат процесот на ‘ ртење и растење на растенија,учејќи за природата преку практичнo искуство.Преку овие активности кај учениците се стимулира процесот за развивање свесност и одговорност за заштита на животната средина