Денеска во ООУ “Браќа Миладиновци” се одржа првата работилница во рамки на проектот “Бајките како поттик за детската фантазија“ на Јавната општинска установа Библиотека “Тане Георгиевски“ – Куманово. Овој проект се спроведува со финансиска поддршка на Општина Куманово, преку Јавен повик за прибирање на предлог проекти за организирање на културни манифестации во Општината, предвидена во Програмата на културни манифестации за 2026 година.

Проектот ќе се реализира со 28 третоодделенци во ООУ ”Браќа Миладиновци“, под менторство на учителката Маја Поп Арсова.

На денешната прва работилница присуствуваше претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска, на која учениците се запознаа со бајки и приказни, преку читање на истите.

Следните работилници предвидуваат гледање бајки на екран и изработка на кукли од омилените ликови од сказните, изработени од различни материјали: хартија, текстил, волна.

Целта на проектот е поттикнување љубов кон книгите, македонските и светските приказни, развивање на имагинација и креативно раскажување, збогатување на речникот и изразување кај учениците.