Македонски јазик / Code Week – интегриран час – Шарени рачиња – симбол на единство, поддршка и заедништво.

Македонски јазик / Code Week – интегриран час – Шарени рачиња – симбол на единство, поддршка и заедништво.

ООУ ,,Браќа Миладиновци “ Куманово

Проф.по одделенска настава: Габријела Младеновиќ

Одделение: I ( прво )

#EUCodeWeek #cw258l6vx

Во рамки на проектот #EUCodeWeek и месец февруари – месец посветен на подигнување на свеста за ретките болести, заедно со моите првачиња реализиравме креативна и емотивна активност.

Со помош на алатката NotebookLM изработивме едукативна приказна посветена на прифаќањето, разбирањето и поддршката .

Секој дел од изработената сложувалка симболизира дека сите сме дел од едно цело-општество исполнето со хуманост и грижа.

💜 Поддршка

💜 Разбирање

💜 Пријателство

💜 Отвореност

💜 Љубов

💜 Емпатија

💜 Помош

Во корелација со предметот ликовно образование , учениците боеја цртежи со различни бои ,симболизирајќи ја разновидноста и убавината на светот околу нас .

Учениците со многу љубов изработија заеднички хамер со отпечатоци од нивните шарени рачиња – симбол на единство, поддршка и заедништво.

Горда сум на моите ученици што уште од најмала возраст учат да бидат хумани, чувствителни и подготвени да подадат рака. 💜

0:07 / 5:40