Браќа Миладиновци, Улица Народна Револуција 43, 1300, Куманово, Североисточен
Природни науки /CodeWeek – Својства на материјалите
ООУ ,, Браќа Миладиновци ” Куманово
Република Северна Македонија
I одделение
Одделенски наставник Габријела Младеновиќ
Во рамките на EU Code Week реализиравме интересен и истражувачки проект на тема „Својства на материјали“.
Учениците активно истражуваа различни материјали во училницата – дрво, пластика, метал, хартија, ткаенина… Ги набљудуваа нивните својства (тврдo/меко, мазно/рапаво, тешко/лесно, проѕирно/непроѕирно) и дискутираа каде и зошто се користат во секојдневниот живот.
Изработив презентација во NotebookLM, со која учениците преку визуелен и интерактивен пристап полесно ги разбираа поимите.
Потоа следуваше активност во наставен лист, каде што учениците ги применуваа стекнатите знаења – поврзуваа материјали со нивните својства и решаваа истражувачки задачи.
Преку овој проект учениците развиваа:
критичко размислување
истражувачки вештини
дигитални компетенции
тимска работа
Учењето преку истражување и дигитални алатки е забавно и мотивирачко! ![]()
![]()

