Безбедна училишна средина

На 14.04.2025 год во нашето училиште се одржа работилница за подготовка на Политика за заштита на деца од страна на експерт во полето на детските права и заштита на деца Александра Петровска
Акцентот на работилницата е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Наставниците кои учествуваа на обуката се стекнаа со нови знаења и информации од областа на врсничкото насилство препознавање и пријавување на истото како и со механизмите за спречување на секаков вид на врсничко насилство во училиште.
Работилницата е во склоп на проектот “Безбедна училишна средина ” спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот Меѓаши и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци.