Ненасилството во училиштето е нашата најголема задача на која мора заеднички да работиме, вклучувајќи го најважниот фактор – родителите
На иницијатива на Сектор за образование, денеска пред директорите на основните и средните училишта и стручните служби, беше презентирана студија за врсничко насилство. Во истражувањето беа опфатени и ученици од Општина Куманово.
Студијата е дел од проектот „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество“, имплементиран од Театар „БОЕМИ – Скопје а финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Активно вклучување и влијание
на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе “Отворена Порта” и Здружението “Хуманост”, во кој беше вклучена и Општина Куманово и нашето училиште.