ООУ Браќа Mиладиновци – Куманово ,(Центар за поддршка).
Започнувајќи од учебната 2020/2021 ООУ,,Браќа Миладиновци,, – посебни паралелки прерасна во центар за поддршка за ученици со попреченост.
Во нашето училиште децата со посебни образовни потреби се образуваат, учат социјални вештини и нови навики, стекнуваат знаења и ги развиваат своите когнитивни и психомоторни способности.
Тимот на специјални едукатори и рехабилитатори како и логопедот на училиштето креираат програми и стратегии за работа со деца со посебни образовни потреби. Нашето училиште соработува со сите образовни институции од локалното опкружување и со училиштата од други градови и во соработка со стручни тимови на овие институции пронаоѓа најдобри решенија и насоки за правилен и ефективен образовен процес на децата со попреченост.
-ООУ ,,Браќа Миладиновци’’ постои од 1953год. И е воедно едно и од најстарите училишта во општината. Лоцирано е во центарот на градот и работи во 5 училишни згради од кои една од нив е училиштето за деца со посебни образовни потреби.
Ул. Народна Револуција бр.43
1300 Куманово , Р.С.Македонија
Тел. 031-424-281
Затоа што работиме со љубов и посветеност.