ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ и ООУ „БАЈРАМ ШАБАНИ“
Активности 2013/14 – 2016/17
Преку фудбал, кошарка, одбојка и атлетика беше застапен и спортот. Учениците остварија заеднички излети,екскурзии и настава во природа при што целта беше поголемо меѓусебно дружење, истражување, позитивен однос кон националните, културните и естетските вредности, градење чувства на толеранција и соживот, социјализација, колективизација и осамостојување.
Во овие активности беа вклучени и родителите, а наставниците разменуваа искуства, наставни материјали и одржуваа интегрирани часови.
Сите активности беа спроведени преку мултикултурни работилници при што како главни продукти беа: приредба, изложба, изработки и мултикултурен речник.