Низ плодна дебата се разговараше за различните родителски стилови, значењето на ненасилната комуникација и начините на препознавање и справување со меѓуврсничко насилство.
Заеднички се дојде до заклучок дека соработка и отворен дијалог помеѓу родителите,стручните соработници/наставници и ученици е клучна алка во градењето на безбедна и поттикнувачка училишна средина.