Воннаставни активности

На ден 25.04.2025 година со учениците од V,VI,VII,VIII и IX одделение , како дел од нашите воннаставни активности, организиравме посета на Природонаучниот музеј и Зоолошката градина. Оваа едукативна авантура, не само што нè збогати со нови знаења, туку ни понуди и незаборавни спомени.

Нашата прва дестинација беше Природонаучниот музеј, каде што со воодушевување ги разгледувавме експонатите кои го прикажуваат развојот на животот на Земјата. Од импресивни скелети на животните, преку минерали и фосили, до детални реплики на живеалишта, секој агол на музејот криеше ново откритие. Водичот нè воведе во светот на геологијата, биологијата и палеонтологијата.

Потоа ја продолживме посетата кон Зоолошката градина, каде што одблизу ги видовме животните за кои претходно учевме на часовите по биологија.

Овој ден ни покажа колку е природата богата и колку можеме да научиме надвор од училницата. Сите се вративме дома задоволни,среќни,полни со впечатоци и импресии,со желба повторно да посетиме вакви институции .